Охрид е град на источниот брег на Охридското езеро во република македонија. Има околу 42.000 жители со што е седмиот најголем град во државата.Градот е седиште на општина Охрид. Градот е значаен по своите 365 некогашни цркви, по една за секој ден од годината, и се споменува како македонскиот Ерусалим. Градот е богат со сликовити куќи и споменици, а туризмот е предоминантен. Лоциран е југозападно од Скопје, западно од Ресен и Битола и источно е Елбасан и Тирана во Албанија.Градот има богато историски наследство и е град заштитен од унеско од 1980год.
Охрид е несомнено скапоценоста на Македонија, вгнезден помеѓу високите планини од 2800 метри и Охридското езеро, не е само место со историска убавина туку и со одлична природна убавина.
Природната убавина на околните охридски села и тиркизната вода на охридското езеро, го прават градот интернационална популарна дестинација за одмор.
Во охрид се уникатните заливи, плажи, подводни области и богата вегетација.Бројните барови и ресторани наредени покрај брегот и во стариот град, нудат се, од пица до локални специјалитети.
Поради својата убавина, природна како и создадена од човекот, со богата историја и медитеранска клима која едноставно ве кани да го опуштите умот, да се релаксирате и да го искусите моментот, овој мал град кој во најголем мир се протега на брегот на Охридското езеро е еден од најбараните Европски туристички места за одмор.